Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД се многу заштитнички настроени кон балтичките земји и можат да се соочат со каква било закана која што таму ќе избие, пренесува Танјуг.
“Многу заштитнички сме настроени кон тој регион, тоа е се што можам да кажам“, изјави Трамп на заедничката конференција за новинари со претседателот на Финска Саули Нинисто, кој вчера беше гостин во Белата Куќа.
Трамп пред новинарите нагласи дека САД имаат добри пријатели во регионот на Балтикот, јавуваат американските медуми.
За време на посетата на Хелсинки американскиот претседател изрази солидарност против заканите за тероризам кон Финска, каде што на почетокот на месецот во градот Турку маж со нож нападна осум луѓе, по што загинаа две лице.