Жена го загуби животот во сообраќајќа на излезот од Охрид

Од:

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа околу 22:00 часот се случи на излезот од Охрид, кај бензинската пумпа „Петрол“ на магистралниот пат што води кон Кичево и Скопје.

До несреќата дошло при директен судир на две патнички возила, „голф“ со струшки и „застава 101“, со охридски регистерски ознаки, при што загинала жена на 55-годишна возраст Ратка. С. од Охрид.

Со тешки телесни повреди во несреќата се здболе и сопатникот од возилото „застава“ со кое управувала загинатата, како и возачот на голфот, кои се пренесени во медицинските установи на лекување.

Извршениот увид на полицијата покажа дека несреќата ја предизвикал возачот на голфот, кој при претекнување преминал на спротивната лента на коловозот и дошло до директен судир на двете возила.
Инаку, временските услови синоќа беа наповолни за нормално одвивање на сообраќајот, со намалена видливост поради магла.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски