Барселона не се откажува од Филипе Кутињо и покрај одбивањето на Ливерпул да го пушти својот играч. Во моментов, играчот од средниот ред е во Бразил на подготовка за квалификациите против Еквадор (31 август) и Колумбија (септември 5).
Кутињо неодамна имал разговор со Нејмар кој го советувал да не ја напушта Англија за Барселона.
Нејмар му рекол на Кутињо дека нема да зажали поради одлуката на Ливерпул да не го пушта во Барселона, објави Мундо Депортиво.
Од друга страна, во текот на првата тренинг сесија на Бразилците во Порто Алегре, Кутињо беше виден во непосредна близина на новото засилување на Барселона, Паулињо.
Нејмар оваа лето од Барселона отиде во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а на „Камп Ноу“ дојдоа Паулињо и Усман Дембеле.