ОТЕ успешно ја спроведува програмата за доброволно заминување од работа

Од:

Повеќе од 1.500 вработени во Грчката организација за телекомуникации (ОТЕ), се очекува да бидат вклучени во програмата за доброволен вишок, што е над првично предвидената цел, јави дописникот на МИА од Атина.

Според функционери во ОТЕ, процедурите во рамките на програмата брзо напредуваат и досега се поднесени 1.850 апликации од вработени кои се блиску до пензија. Околу 150 од барањата се одбиени затоа што не ги исполнувале сите критериуми, а до сега се одобрени 1.453 апликации за заминување од работа.

Официјални претставници на грчкиот телеком соопштија дека до крајот на годинава бројката ќе биде поголема од 1.500 што беше целта за 2012.

Во рамките на преструктуирањето на ОТЕ беше предвидено со програмата за доброволно заминување од работа да бидат опфатени околу 1.200 вработени.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција