Акинџи бара промена на методологијата за преговорите во Кипар

Од:

Лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи бара промена на методологијата за преговорите, што се водат со кипарските Турци по покровителство на ОН за решавање на проболемот со етнички поделениот остров, кои во моментов се прекинати.

На средбата во Никозија со турскиот вицепремиер, кој е одговорен за координација на кипарскиот проблем Реџеп Акдаг, Акинџи постави прашање за промена на методологијата на преговорите за Кипар и за воведување на план за нивно завршување.

– Очигледно е дека преговарачката процедура за Кипар без краен датум не води никаде. Кипарските Грци, ние (кипарската турска заедница и Турција) и ОН треба да најдеме поефикасен начин и метод, нагласи Акинџи.

– Анкара одамна ја поддржува решението за кипарскиот проблем, што се основа на „еднакви права за двете етнички зедници на островот“. Турција продолжува да се придружува на таа позиција, објасни лидерот на кипарските Турци.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ