Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека доколку властите во Прешево и Бујановац не го отстранат сами споменикот на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе во центарот на Прешево, тогаш државата тоа со сила ќе го напави.
Тој кажа дека за споменикот е известена и меѓународната заедница и дека е тоа отворена провокација „со која сака да се покаже дека Србија не ја контролира својата територија“.
„Тоа апсолутно не е можно и може да се заканува кој сака, државата е појака од секоја закана и очекувам дека ова прашање ќе биде решено во следниве недели. Можевме да го решиме истиот ден, но покажавме добра волја да не доливаме масло на огнот. Но ако некој не сака со убаво, тогаш ќе сака со сила“, рече Дачиќ.
Поранешниот командант на расформираната ОМПМБ Лјулзим Ибиши се закани доколку се чепне споменикот тој и неговоите соборци ќе земат пушки и униформи и ќе се спротивстават.