Делегација од Ѓорче Петров во посета на Осечина

Од:

Тричлена делегација од општина Ѓорче Петров, предводена од градоначалникот Сокол Митровски беше во посета на општина Осечина, Република Србија.

Како што информира денеска општина Ѓорче Петров, делегацијата била на 12. Саем на сливата, единствена ваква манифестација на балканските простори, на која покрај домаќините изложуваат и други општини од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија.

Градоначалникот Митровски и градоначалникот на Осечина Драган Алексиќ потпишале и Иницијатива за соработка и збратимување.

– Со потпишување на Иницијативата за соработка и збратимување уште повеќе ќе се продлабочи досегашната соработка меѓу нашите две пријателски општини и се отвораат можности за поголема презентација на нашите стопански ресурси. Стопанствениците од општината Ѓорче Петров има што да понудат на српскиот пазар и тоа во иднина треба да го иницираме како приоритет и за двете општини. Мораме да направиме се нашата соработка да се продлабочи и од неа да имаат корист и двете страни, истакнал градоначалникот Митровски.

Градоначалникот Алексиќ ги посочил можностите на неколкуте стопански субјекти од ова гратче кои би можеле да бидат интересни за македонскиот пазар, пред се производството на органска храна, кое е приоритет на сите производители во Осечина.

Документот потпишан во Осечина ќе треба да биде верификуван и од Советите на двете општини, по што ќе стапи во сила.

Би можело да ве интересира

Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Изгоре човек, но и добиток во пожар во населбата Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров