Индија и Израел до 2020 година ќе изградат нов зенитно-ракетен комплекс со среден дострел за индиските вооружени сили, пишува весникот „Бизнис стандард“.
Извор од индиското Министерство за одбрана наведе дека договорот е во вредност од околу 2,6 милијарди евра.
Новиот систем ќе биде дизајниран за пресретнување на балистички ракети, авиони, хеликоптери и дронови на радиус од 70 километри.
Првито комплекс треба да биде готов за три години.