Почнува третата рунда преговори за Брегзит во Брисел

Од:

Велика Британија и Европската унија денеска ќе ја започнат третата рунда преговори за Брегзит со состанокот на главниот преговарач на Унијата Мишел Барни и неговиот британски колега Дејвид Дејвис.

По денешната средба, ќе следат тридневни преговори и заедничка прес-конференција.

– Претставниците на ЕУ, пред почетокот на преговорите, порачаа дека мора да биде остварен „заеднички напредок“ во трите клучни точки – правата на државјаните на ЕУ во Велика Британија по Брегзит, границата со Северна Ирска и „цената на разделбата“ (финансиските обврски на Лондон кон ЕУ), за потоа да може официјален Брисел да го разгледа прашањето на Лондон за преговорите за идните односи.

Британските претставници нагласија дека е најдобро да се водат паралелни преговори со цел, решавањето на трговските прашање да може да помогне во решавањето на другите проблеми.

Договорот, треба да биде направен до октомври 2018 година, а потоа останува период од шест месеци, до март 2019 година, кога би требало да се заврши ратификацијата на договорот во земјите-членки, а потоа да следи официјален излез на Велика Британија од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он