ЕЛЕМ: Понудата на „ТРАНС МЕТ ДОО“ беше екстремно ниска, доколку се потврди изборот ќе се заштедат 7 милиони евра

Од:

Екстремно ниска цена од 44 денари за гига џул е постигната на електронската негативна ценовна аукција за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола, соопшти АД ЕЛЕМ.

Понудата е на „ТРАНС МЕТ ДОО“ Скопје, а со постигнатата цена правното лице би требало да изврши ископ на јаглен и јаловина за приближно шест милиони евра.

– За услугата, претходното раководство на АД ЕЛЕМ имаше предвидено буџет од 13 милиони евра, што значи дека, доколку конечната одлука го потврди овој избор, ќе бидат заштедени седум милиони евра, наведува компанијата.

Во претквалификацијата на завчерашната аукција учествуваа шест фирми, од кои пет продолжија во натамошната постапка. Најаниската цена беше добиена по двочасовно континуирано намалување на првичната цена понудена од учесниците, која се движеше во рамки на 100 денари за гига џул.

На досегашните аукции и непосредни договори за овој вид услуга цените биле и до 144 денари.

Во однос на интересот на јавноста за фактот дека на аукцијата учествувала и најприфатлива цена дала „ТРАНС МЕТ ДОО“ чиј претходен управител е под кривичен прогон токму за тендер за РЕК Битола, АД ЕЛЕМ нагласува дека нема можност да го исклучи од натамошно учество тоа правно лице, иако структурата на сопственост е променета.

– АД ЕЛЕМ побара од наведеното лице и доказ дека неговата сметка не е блокирана, по што писмено беше известен дека сметката на компанијата не е блокирана, што на истата и дава законска можност да учествува на било кој државен тендер, наведува комапнијата.

АД ЕЛЕМ најавува дека во законски предвидениот рок ќе изврши проверка на целата постапка и во текот на следната недела ќе ја соопшти конечната одлука за тоа која фирма го доби тендерот за ископ на јаглен и јаловина. Доколку по извршената проверка од страна на АД ЕЛЕМ се утврди дека аукцијата и целата постапка биле изведени регуларно и дека останува постигнатата цена од 44 денари, тоа ќе биде најниска досега постигната цена за ископ на јаглен за РЕК Битола, со оглед на тоа што за истата услуга во изминатите години биле плаќани и до 144 денари.

– Ако и во изминатите години биле постигнувани вакви ниски цени на аукциите или на непосредните договори, а не цени кои биле и двојно и тројно повисоки од сегашната, немало да бидат потрошени стотици и стотици милиони евра за истата услуга – ископ на јаглен и јаловина, посочува ЕЛЕМ и апелира до сите други компании кои учествуваа во аукцијата, дека имаат законско право да достават жалби за процесот во рок од пет дена, доколку се сомневаат во неговата исправност.

Би можело да ве интересира

Министерката за енергетика очекува стабилна грејна сезона

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија, неспособноста завршува со нив

Предраг Петровиќ

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

Тешко повреден работник во рудникот „Брод – Гнеотино“

Горан Наумовски

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

(ВИДЕО) Стојановски: СДС да каже каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола

Горан Наумовски