Одбојкарската репрезентација на Полска синоќа ја оствари првата победа на Европското првенство на кое е домаќин. Во дуелот од 2.коло од групата А Полска ја совлада Финска со 3:0 во сетови. На вториот натпревар од групата беше многу понеизвесно и Србија ја совлада Естонија со 3:2.
Србија е прва на табелата со 5 бодови, пред Полска со 3, Финска и Естонија имаат по 2.
На двата натпревара во групата Ц беше постигнат идентичен резултат од 3:0 во сетови. Русија ја совлада Словенија, а Бугарија беше подобра од Шпанија.
Русија е прва со 6 бодови, по три имаат Словенија и Бугарија, а Шпанија е без бод.
Денеска се играат дуелите од 2.коло во другите две групи. Словачка – Италија и Чешка – Германија играат во групата Б, а Турција – Белгија и Франција – Холандија во групата Д.