Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан на својот Твитер налог упати порака до косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа дека Брисел очекува итно да биде формирана влада во Приштина.
„Итно е формирањето на нова проевропска, стабилна и реформска влада во Косово“, напиша Хан.