Колариќ: Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде удар по буџетот на граѓаните

Од:

Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека струјата ќе поскапела идната година и дека со најавената либерализација на пазарот на увоз на електрична енергија, сметките за струја ќе биле повисоки.

– Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде нов голем удар по буџетот на граѓаните. Удар од кој ќе имаат корист само лоби групите кои се блиски на Социјалдемократскиот сојуз и кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електрична енергија. Освен зголемен профит на фирмите на владините функционери, од оваа мерка друг никој нема да има корист. Тоа е правата вистина. Од први септември сметките за струја нема да се намалат. Заев лаже и не му е прв пат, рече Колариќ.

Таа додаде дека тој што ќе потрошел помалу електрична енергија ќе плател помала сметка, а тој што ќе потрошел повеќе ќе плател повисока бидејќи намалување немало да има.

– Станува збор за уште една предизборна манипулација на Заев. Знае дека граѓаните нема да ги добијат сметките до избори па се надева дека ќе добие некој глас повеќе. Потврда за манипулациите стигна и од ЕВН која потврди дека не е подготвена да стартува со реализација на мерката која на крај повторно ќе ја платат цената граѓаните. Со оваа непромислена авантура на Заев граѓаните нема да добијат ништо, а државните компании кои произведуваат и дистрибуираат електрична енергија ќе бидат во загуба од повеќе милиони евра, поради зголемени трошоци од воведување на дневната евтина тарифа, рече Колариќ.

Според неа, ЕВН трошокот ќе го покриеле од други ставки, односно немало да има инвестиции во системот и истиот ќе почнел да застарува.

– ЕВН ќе подлежи на трошок за прилагодување на над 800.000 броила на регулираниот пазар на електрична енергија, кој трошок подоцна ќе биде прикажан пред Регулаторната комисија како трошок, а при следното одредување на цената на струјата истата ќе биде зголемена заради овој факт, и повторно граѓаните ќе бидат тие кои ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Доколку Социјалдемократскиот сојуз вистински се грижеше за стандардот и вистински се грижеше животните потреби на граѓаните, ќе ги зголемеше за 5% платите на администрацијата, ќе ги зголемеше за 5% пензиите на над 300.000 пензионери и ќе ги зголемеше платите на докторите на 100.000 денари плата, рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ