Мадуро: Санкциите на САД имаат за цел да ја доведат Венецуела до банкрот

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека економските санкции, што беа воведени од страна на САД, имаат за цел да го турнат Каракас кон банкрот.

Во телевизиското обраќање од претседателската палата, Мадуро наведе дека според првичните анализи, новите ограничувачки мерки ќе го попречат извозот на венецуелска сурова нафта во САД.

Тој се закани дека економските санкции ќе добијат „соодветен и категоричен одговор“.

По средбата со неговите најблиски соработници во претседателската палата, Мадуро потенцираше дека ќе бидат објавени мерки за противдејство на наложаната „блокада“.

Мадуро го спомена претседателот на венецуелскиот Парламент Хулио Борхес, кого го нарече „мозокот“ за финансиската и економската „блокада“ и ги повика Врховниот суд и новоизбраното Уствотворно собрание да преземат дејствија против луѓето, кои, според него, лобираат за санкции.

– Треба да си голем предавник на земјата, штом сакаш да бидат воведни санкции против Венецуела, нагласи Мадуро.

– Тој (Борхес) извршува грабежи, измами, истакна тој.

Венецуела ќе дискутира со своите партнери во САД со цел да не ги загуби деловните односи.

– Ако е потребно, Владата ќе бара нови пазари за речиси 700.000 барели нафта, кои дневно се извезуваат во САД, посочи Мадуро.

Уставотворното собрание на Венецуела соопшти дека формирало „комисија за утврдување на вистината“, со цел да се откријат оние кои ги охрабриле САД да воведат санкции.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со што на американските банки им се забранува да склучуваат нови финансиски договори со венецуелската Влада и државниот нафтен гигант „Петролеос де Венецуела” (ПДВСА).

Белата куќа истакна дека санкции се наложени со цел да се изврши притисок врз Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја прекине неговата „тиранија“.

Сепак, Белата куќа напоменува дека уредбата дозволува американското Министерство за финансии да издава лиценци за други трговски и хуманитарни трансакции, увоз и извоз на нафта и трансакции со огранокот на ПДВСА – „Китго“.

Новите санкции на САД против Венецуела претставуваат „најголема агресија“ против венецуелскиот народ, изјави синоќа венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза, обвинувајќи го Вашингтон за обид за разгорување на хуманитарната криза во земјата што е богата со нафта.

– Ние тоа не го разбираме, наведе Ареаза по разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Тој истакна дека Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро „ќе се брани“.

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли нагласи вчера дека американските санкции против Венецуела претставуваат силна порака до претседателот Мадуро дека САД нема да ја толерира „диктатурата“ во Венецуела.

Минатиот месец администрацијата на Трамп предупреди дека ќе преземе сериозни економски активности доколку Владата на Мадуро не се откаже од плановите за создавање на Уставотворно собрание.

Новите економски санкции веројатно ќе ја влошат кризата во која се наоѓа венецуелската економија, чиј раст од 2014 година е намален за 35 отсто.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак