Американската поп пејачка Анастасија се појави на шведското издание од талент шоуто Идол, каде што маскирана настапи на аудиција.
На жирито Анастасија им се претстави како Геби од источен Лондон, а испеа песна на шведски бидеќи сакала да го испочитува тоа што е во Шведска, а после го испеја и својот хит „I’m outta love“.
Од судиите доби комплименти за талентот и коментар дека звучи скоро исто како Анастасија.