Репрезентацијата на Германија синоќа по голема борба ја совлада Италија со 3:2 во сетови во првото коло од Б групата на Европското првенство што се игра во Полска.
Во дуел што траеше 140 минути решавачкиот сет Германците го добија со 15:8. На вториот дуел од оваа група Чешка ја совлада Словачка со 3:1.
На дуелите од групата Д, Турција на чија клупа како селектор седи Македонецот Јошко Миленковски ја победи Холандија со 3:1, а Белгија го совлада европскиот првак Франција со 3:2.
Денеска се играат натпреварите од 2.коло во другите две групи: Естонија – Србија и Полска – Финска (А група) и Русија – Словенија и Бугарија – Шпанија (Ц група).