Египетскиот претседател Мухамед Морси во првото обраќање до нацијата откако доби поддршка за новиот устав, повика на единство.
Тој ги покани сите политички сили на национален дијалог со цел да се смират тензиите во разделеното египетско општество.
Морси во телевизиското ображање нагласи дека референдумот за уставот се одржал под целосна контрола од цивилното општество и судската власт.
Тој вети и дека ќе ги преземе неопходните мерки за заздравување на економијата и оти планира Египет да стане привлечна дестинација за странски инвестиции.