ВМРО-ДПМНЕ: Со парите од девизните резерви и аукциите на државни хартии можеа да се набават 33.400 инкубатори

Од:

„Набавка на еден современ инкубатор чини околу 10.000 евра. За неполни три месеци неспособната влада на СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигна 334 милиони евра. Со парите кои ги подигна СДС можеше да се набават околу 33.400 нови инкубатори кои би спасиле детски живот.

Нови инкубатори не се набавија, а парите со кои СДС ја задолжи државата едноставно испарија.

Единствено што на владата на Зоран Заев им успева е да ја задолжуваат државата и граѓаните.

Каде испарија народните пари во вредност околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност?

Ова прашање граѓаните секојдневно го упатуваат до неспособната влада на Заев, но одговорот го нема.

Згора на тоа неспособната влада на Зоран Заев не го послуша гласот и барањата на народот и одлучи да си ги задоволи своите алчни апетити и народните пари ги искористија за луксузирање и покривање на партиските вработувања по институциите.

Владата на СДС поради непосветеноста и негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го види на 15-ти октомври кога Заев и криминалната врхушка околу него, жестоко ќе бидат поразени“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ