Велика Британија „нема да плати ниту пени повеќе или помалку“ од она што според Владата е законска обврска кон ЕУ, за да ја напушти Унијата, изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.
Финансиското прашање може да претставува една од најтешките теми во преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ по 40-годишно членување. Според Унијата, тоа е една од трите области, во кои двете земји треба да постигнат напредок пред да започнат да преговараат за идните меѓусебни односи, согласно трговските договори.
– Некои од сумите кои сум ги видел, изгледаат многу високи. Ние се разбира дека ќе ги исполниме своите обврски, но нема да платиме ниту пени повеќе или помалку од реалниот долг, нагласи Џонсон.