Сугаревски: Цените на услугите на Катастар ќе се намалат до 50 отсто

Од:

Денеска во министерството за транспорт и врски се оддржа средба на која присуствуваа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев и преставници од Комората на приватни геодети.

На средбата се разговарало за намалување на цената на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности и враќање на дел од овластувањата на приватните геодетски фирми, про што министерот Сугаревски дал уверување дека овие барања ќе бидат прифатени.

– Најавувам реализација на уште едно предизборно ветување на Владата, а тоа е намалување на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности до 50 отсто, што во пракса ќе значи дека граѓаните за истите ќе плаќаат значително помали цени од досегашните, рече Сугаревски по средбата.

Тој додаде дека по претходна анализа, било заклучено дека постојат услови за реализација на намалувањето на цените без да се наруши финансирањето на Агенцијата за Катастар.

Во однос на чинењето на имотниот лист, директорот Тунџев рече дека се уште се прават анализи за цената на чинење и очекува по извештајот од службите да се види како тоа ќе се одрази на финансиската конструкција на катастарот. По направените анализи, како што најави, ќе излезат со информација дали ќе има намалување на цената на имотниот лист.

Министерот Сугарески истакна дека со ваквите намалувања на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар се исполнува уште едно ветување дадено пред граѓаните.

На денешната средба било утврдено дека е непхопдно да се вратат и дел од овластувањата што приватните геодетски фирми ги имале претходно во однос на правото за вршење на теренски работи за потребите на единиците за локална самоуправа и институциите на централната власт кои досега ги имаше Агенцијата за катастар. Со ваквииот пристап, смета министерот Сугарески, ќе се забрза давањето на услуги и ќе се зголеми конкуренцијата.

На средбата е разговарано и за пазарната цена на услугите што ги нудат приватните геодетски фирми.

– Се согласивме долната граница на цената на услугите да остане регулирана како досега, додека горната цена ќе биде регулирана во согласност со пазарните услови, рече министерот Сугарески.

Разговарано е и за потребата од ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

A1on