Како што денеска известија француските медиуми, во првите три месеци од неговиот мандат, новиот француски претседател Емануел Макрон потрошил 26 илјади евра на шминки.
Според извештајот, Макрон во два наврати платил фактура за стилист, еднаш 10 илјади евра и еднаш 16 илјади евра за внимавање на неговиот изглед за неговите патувања и пред прес-конференциите.
Медиумите пишуваат дека сепак оваа сума не е повисока од таа на неговите претходници.
Франсоа Оланд трошел по околу 30 илјади евра квартално на шминка, вклучувајќи ја и платата на стилистот, а неговит фризер имал месечна плата од речиси 10 илјади евра.
Никола Саркози трошел по околу 8 илјади евра месечно.
Според последните анкети популарноста на Макрон опаѓа бидејќи само 37 отсто од граѓаните имаат доверба во неговата работа сега, што е значителен пад по високите 57 отсто по изборите во мај.