Реконструкција на водоводна мрежа во Виница

Од:

Околу 300 домаќинства од Виница се ослободија од старите дотраени азбестни цевки во водоводната мрежа кои се заменети со нови полиетиленски и добија приклучок на новата водоводна мрежа чија прва фаза од реконструкцијата е комплетно завршена.
– Реконструирани се 3.971 метри водоводна мрежа со што општината има нова линија во должина од 12 километри. Средствата за овој зафат во висина од 9 милиони денари, општината ги обезбеди преку Владата на РМ од Европската инвестициска банка, изјави градоначалникот Емил Дончев.

Дончерв информираше и за реконструираната стара водоводна мрежа во село Блатец, што претставува еден од најзначајните проекти за жителите на ова најголемо населено место во општината.

Општина Виница со средства од Министерството за транспорт и врски успеа да замени 4.367 метри стари азбестни цевки со нови полиетиленски кои ќе треба да ги санираат загубите на вода во населбата.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски