Лидерот на либанската шиитска група Хезболах, Хасан Насрала изјави вечерва дека групата презела голем дел од територијата што досега беше под контрола на Исламската држава, во Сирија, во близина на границата со Либан.
Тоа се случи со заедничка офанзива со сириските владини сили.
– Паралелно со борбите започнаа и преговори со ИД за прекин на огнот, но воената победа е поверојатна опција, наведе Насрала.
Групата Хезболах, што ужува поддршка од Иран, минатата недела заедно со сириската војска започна офанзива за протерување на џихадистите на ИД од западниот сириски регион Каламун.