Почна 13. Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

Од:

Околу двесте играорци од седум држави учествуваа на синоќешното дефиле низ главната улица во Крива Паланка, означувајќи го почетокот на годинашниот Интернационален фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

Фестивалската програма ја отвори КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка, а на отворената сцена на централниот градски плоштад настапија и ансамблите „Актавис“ од Дупница, Република Бугарија, „Комањички“ од Свидник, Словачка, „Севдах“ од Врање, Србија, како и ансамбли од Турција, Северен Кипар и Лугож, Романија.

– Фестивалот е можност да ги запознаеме различните култури на разните етноси од Европа и Азија, од Балканот и поширокиот регион, прилика Паланчани да уживаат во звуците на народните песни, игри, ора и танци од различни култури. Тридневната фестивалска, празнична атмосфера ќе ги навести празничните денови кои следуваат, 28 август, Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на свети Јоаким Осоговски, 29 август, светец–закрилник на Крива Паланка, рече во обраќањето градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Фестивалот се организира тринаесетта година по ред од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Центарот за култура во Крива Паланка.

Фестивалската програма продолжува вечерва, во 18:30 часот со свеченото дефиле низ главната улица Свети Јоаким Осоговски кое ќе започне од населбата Житен склад, а централните концерти се одржуваат на градскиот плоштад, во 19:30 часот. На втората фестивалска вечер ќе настапат Северен Кипар, КУД „Карпош“, Крива Паланка, Бела Паланка, Србија, Лугож , Романија, „Карпош“, Куманово, Турција, Комањичка од Словачка и „Ораовица“ од Радовиш.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот