Со получасовен протест и вечерва илјадници граѓани го изразија својот револт блокирајќи ја главната крстосница во центарот на Скопје, пред „Рекорд“.
Со паролите „Оставка“, „Одете си“ и „Доста е“, тие побараа да се симне режимот на Никола Груевски и да се врати демократијата во земјава.
И денеска новиот отпор кон власта го предводеше раководството на СДСМ, на чело со лидерот Бранко Црвенковски и лидерите на другите партии од коалицијата „Сојуз за иднина“.
Протестите продолжуваат до петок од 18:00 до 18:30 часот, а за во сабота е закажан масовен протест за во 12:00 часот пред главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.