Општина Карпош: Граѓаните на Карпош на 15. октомври ќе одлучат кој навистина се грижи за нив

Од:

На денешната прес конференција, шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош, Љупчо Пренџов, одговори на обвинувањата на претседателот на Општинската организација на СДСМ од Карпош, Душко Весковски, кои се однесуваат на зеленилото во локалната самоуправа.

– И покрај тоа што негова специјалност е градежништвото, Душко Весковски, во разбирањето на локалната самоуправа стигнал само до зеленилото и до воздухот. Имено, тој си вцрта маркица, во која многу јасно – во неа не направи зеленило, туку го злоупотреби СДСМ и си вцрта хотел веднаш до болницата Систина, а од кусурот си купи и еден стан – истакна Пренџов.

Тој додаде дека на 15-ти октомври карпошани ќе одлучуваат меѓу тој што навистина се грижи и работи за Општината и за интересите на сите граѓани, а од друга страна, како што рече, за неработниците и демагозите.

– СДСМ и нивната Општинска организација Карпош, треба да им одговорат на граѓаните дали се „за” прием на 5.000 бегалци во Општина Карпош. Ако се ЗА, се поставува прашањето како тоа ќе носат бегалци во, според нив, загадена и пренаселена општина, а ако се против населување на бегалци на Карпош ги повикуваме да се приклучат во иницијативата и да дадат јасна и недвосмислена поддршка – беше дециден Љупчо Пренџов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Општина Карпош ќе плати 2,4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

Перински: Потегот на Струмица и Карпош не е решение, најмногу губат граѓаните

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Општина Карпош демантира дека издала одборение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет