Во Виница се планира инвестиција во трет бунар за водоснабдување

Од:

Водоснабдувањето во општина Виница се одвива нормално без рестрикции и прекини, иако во изминатите два месеца КЈП „Солидарност“ се соочуваше со намалени количини на вода од изворите на Градечка Река каде што е лоцирана и филтер станицата.

Со цел да се надмине проблемот со водснабдувањето во село Јакимово каде што водоводната линија постојано беше во дефект и создаваше проблеми е во фаза на замена. Должината на линијата изнесува околу 300 метри и се очекува интервенцијата да биде завршена во наредните два дена.

-Моменталната потрошувачка на вода од филтер станицата во Виница изнесува 38 литри во секунда и таа ги задоволува потребите на жителите на Виница. Во најсушниот период од годината имавме намален доток на вода од само 20 литри во секунда од Градечка Река, истакнува Игор Спасевски, директор на КЈП „Солидарност“ од Виница.

За да се задоволат дневните потреби на населението од градот, ЈКП „Солидарност“ постојано ги вклучуваше двата бунара што служат како резерва. Едниот е во близина на село Јакимово и другиот во блиизна на т.н Кршаџиски мост,истакнува Спасевски.

За комплетно задоволување на потребите со чиста вода за пиење преку целата година, ЈКП „Солидарност“ има планирано уште една изнвестиција, а тоа е оспособување на третиот резервен бунар т.н.„Дончево кладенче“ кој што се наоѓа во близина на индустриската зона во Виница. Со неговото ставање во функција Виница ќе нема проблеми во водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени