Српските дипломати тргнаа назад кон Скопје, амбасадорката Типко кај Вучиќ

Од:

Дипломатите од Амбасадата на Србија во Македонија, кои во неделата беа повлечени на консултации во Белград, претпладнево тргнале назад кон Скопје, пренесе Танјуг.

Амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ, како што најави претходно српското МНР, се враќа во Скопје на 31. август. Веднаш по пристигнувањето се очекува таа биде примена од македонскиот премиер Зоран Заев.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, пак, денеска во Белград треба да ја прими македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко.

Утре во Ниш средба ќе имаат министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, на која, како што е најавено, „по пат на дијалог ќе почнат со решавање на отворените прашања со цел унапредување на пријателските односи меѓу двете држави и двата народа“.

Враќањето на персоналот во Амбасадата на Србија во Скопје и средбата на шефовите на дипломатиите на двете земји во Ниш, следува по вчерашниот телефонски разговар на македонскиот премиер Заев и српскиот претседател Вучиќ, во кој договориле Скопје и Белград да работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување да се решава исклучиво со дијалог. Заев и Вучиќ се согласија и дека без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, Македонија и Србија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

Глишиќ е опериран и e префрлен во шок-собата, клучни се следните 24 часа

Горан Наумовски

ВИДЕО: На српски министер му се слоши во живо на ТВ, во тешка состојба е

Три децении од воената операција „Олуја“, антивоена акција на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб

Горан Наумовски

Гром удри на фудбалски терен во Србија, лекарите се борат за животот на еден од повредените

ВИДЕО: Силно невреме во Србија

(ВИДЕО) Херојот кој го победи „терористот“ во авион: Само реагирав инстинктивно, сакав да ги заштитам другите

А1он