Ѓорѓиевски: СЈО директно се вмеша во престојните локални избори

Од:

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека СЈО директно се вмешале во престојните локални избори и дека работеле како продолжена рака на СДСМ.

– СЈО и СДС се обидуваат да влијаат врз волјата на граѓаните кока треба да биде изразена на 15-ти октомври. СЈО без никаков аргумент во предметите тенденциозно опфати двајца членови на Државната изборна комисија и 5 судии на Управниот суд. На петте судии веќе им е симнат и имунитетот. Направен е преседан. Се води кривична постапка против нив само заради судско убедување. Заднината на овој преседан е друга. Токму Управниот суд треба да одлучува по жалбите околу изборниот процес и на овој начин, преку СЈО, СДС испраќа порака и ги застрашува судиите кои би одлучувале, но и го ограничува, односно намалува бројот на судии кои ќе постапуваат, рече Ѓорѓиевски.

Како што кажа тој, ДИК е институцијата која ги спроведува изборите и одлучува за нивната регуларност и ДИК е институцијата до која политичките партии поднесуваат приговори за изборни нерегуларност.

– Работење без аргументи, со заплашување и закани е специјалност и на СДС, а исто така и на СЈО, па нема да им претставува проблем на тој начин да се обидат да ги контролираат овие две институции. Со ставање под контрола на ДИК и Управниот суд, на СЈО/СДС им се отвора патот да ги местат локалните избори и да ја изиграат волјата на граѓаните. На јавноста одамна и е јасно дека СЈО работи единствено како алатка на СДС за политичка пресметка со своите политички неистомисленици. Сега гледаме и нова улога на СЈО, а тоа е мешање во изборите, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека СДСМ и СЈО сметале дека ќе имаат вечна власт и дека ќе бидат доволно моќни и недопирливи за да можеле да ги спроведуваат политиките во кои Заев ги продавал највисоките државни и национални интереси.

– Зоран Заев и СДС нема да владеат долго. Правната држава ќе се врати и согласно закон, секој ќе си одговара за несоодветното, нелегално и непрофесионално работење. Граѓаните на Република Македонија нема да потклекнат на притисоците и нема да дозволат да продолжи безобразното и антидржавно владеење на СДС. Зоран Заев и СДС ќе сносат политичка одговорност и на локалните избори ќе ги стигне казната од граѓаните, заврши Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ