СДСМ ќе излезе на избори само ако ги организира друга влада!

Од:

СДСМ опстојува на својот став дека нема да учествува на локалните избори нареднава година, доколку истите бидат организирани од сегашната влада, затоа што, како што велат таму, оваа институција ги изгуби сите квалификации кога станува збор за спроведување на демократски избори.

Во настаните од пред два дена, нејзината недемократска и тоталитарна политика се докажала на дело, со што се изгубила секаква надеж дека изборите би биле законски доколку оваа влада ги организира.

– Единствен начин СДСМ да учествува на избори, без разлика дали се локални или предвремени парламентарни, е преку цврсти гаранции за слободни, фер и демократски избори. По понеделничките настани, оваа влада докажа дека нема никаков кредибилитет за организирање на демократски избори, таа ја изгуби таквата квалификација. Затоа, СДСМ би учествувал на избори само доколку истите ги организира друга влада, техничка, натпартиска, експертска или широка, но со претходно изменето изборно законодавство и со вклучени програми на ОБСЕ и на ОДИХР. Слободни, фер и демократски избори можат да се организираат само со силен меѓународен мониторниг, без учество на сегашната Влада, која се покажа некомпетентна да ги спроведе – вели Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ