Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето С.Б. (75) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело – “Предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по чл.288 ст.4 од КЗ на РМ.
Имено, пријавената на 16-ти овој месец околу 09,00 часот во нејзина нива лоцирана на место викано „Ограда“ атар на с.Волче, општина Македонски Брод запалила суви дрва – гранки од цреша, со намера наведеното место да го исчисти од гранките, откако ги запалила гранките и огнот почнал да гори, пријавената го напуштила местото и си заминала во нејзината куќа во с.Волче. По десетина минути од запалениот оган настанат е пожар кој се проширил западно од местото каде бил предизвикан, односно во правец на куќите од с.Волче зафаќајќи тревната површина, дрва, гранки, а поради временските неприлики – многу жешкото време и силниот ветер – огнот се проширил на голема површина со неможност за контролирање. Од предизвиканиот пожар целосно изгореле една куќа, една плевна и делумно се опожарени кровни конструкции на уште една куќа и една викендица во атарот на с.Волче.