Ирвинг од Кливленд во Бостон во замена за четири играчи

Од:

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг е нов играч на Бостон Селтикс откако е договорено неговиот досегашен клуб Кливленд за замена да добие четворица играчи.

25-годишниот Ирвинг има шестгодишно искуство во најсилната светската кошаркарска лига, освоил еден шампионски трофеј, одиграл три финалиња, четири пати настапил на „Ол Стар“ натпреварите.

Од почетокот на јули Ирвинг тој побарал „трејд“ од сопственикот на Кавилрс, бидејќи бил незадоволен од статусот на втор играч во тимот во кој последниот збор на теренот го имал главната ѕвезда Леброн Џејмс.

Во обратен правец, од Бостон во Кливленд одат: Ајзеа Томас, Џо Краудер, Анте Жижиќ и првиот пик на драфтот за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот