ОН: Поради борбите во ирачкиот град Тал Афар блокирани 30.000 цивили

Од:

Околу 30. 000 цивили се блокирани во ирачкиот град Тал Афар од борбите меѓу ирачката армија и џихадистите од Исламска држава, соопшти портпаролот на ОН, цитиран од француските медиуми.

-Хуманитарната помош веќе е доставена до пунктовите на југ и исток од Тал Афар, изјави портпаролот Стефан Ѓужариќ.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци стравува дека ирачките цивили можат да бидат употребени како човечки штитови и дека обидите за бегство на цивилите од градот можат да бидат казнети од џихадистите со егзекуции и убиства, додаде портпаролот на ОН.

ОН очекуваат во следните неколку дена илјадници цивили да се обидат да избегаат од Тал Афар.

Ирачката армија, поддржана од авијацијата на меѓународната коалиција, предводена од САД, вчера ја поврати контролата врз три кварта на Тал Афар – еден од последните бастиони на џихадистите во Ирак, додадоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак