Чиле даде азил на пет венецуелски судии

Од:

Чиле им даде азил на петмина венецуелски судии од опозицијата против претседателот Николас Мадуро, кои на почетокот од овој месец побегнаа во амбасадата на Чиле во Каракас.

– Дојде време да го исполниме ангажманот и да покажеме солидарност. Владата во Чиле одлучи да тие петмина венецуелски државјани да им даде дипломатско засолниште. И понатаму се надеваме дека кризата, во која живее венецуелскиот народ, ќе биде решена и ќе се почитуваат демократијата и човековите права, изјави чилеанскиот министер за надворешни работи Ералдо Муњос.

Муњос истакна дека Чиле побарало на петмината судии да им биде дозволено да ја напуштат Венецуела.

Петмината судии – три жени и двајца мажи, се во групата од 33 судии назначени во Врховниот суд од страна на Парламентот, во кој мнозинство има опозицијата. Владата на Мадуро ги отфрли именувањата бидејќи смета дека тој Парламент не е летитимен и нареди судиите да бидат уапсени. Еден од нив беше уапсен и изнесен пред воен суд.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски