Индонезија и Мексико нови економски сили за 40 години

Од:

Економии со најголем економски раст за 40-на години ќе станат 11 држави меѓу кои и Индонезија, Нигерија, Мексико, Филипини и Турција, проценува американската банка „Голдман Сакс“.

Американската банка предвидува дека за околу 40 години, 11 држави кои моментно се во сенка на Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР ќе станат економии со најголем раст.

Во групата се наведени Јужна Кореја, Бангладеш, Полска Чиле, Украина и Катар – држави со огромни потенцијали и кои по оцена на консултантската фирма Ернст и Јанг ги очекува добра иднина.

Ернст и Јанг исто така направија своја листа од 25 држави со раст на економиите во која се држави кои оваа година ќе имаат раст од 4,5 отсто, а следната 5,5 отсто што е двојно повеќе од просечниот раст на светската економија.

Заедничка карактеристика на економските сили кои „доаѓаат“, е таа што тие држави се антитеза на сегашните развиени држави во неколку домени. За разлика од Италија, Јапонија и Канада чие население старее, а со тоа и опаѓа домашната побарувачка, Индонезија и Турција, на пример имаат огромна популација на млади кои тежат кон зголемување на стандардот и која е двигател на економскиот развој.

Според проценки на банката HSBC околу три милијарди луѓе до 2050 година ќе бидат дел од сегашната средна класа со годишни приходи меѓу три и 15 илјади американски долари, а половината од нив ќе бидат жители на држави во забрзан развој.

Индонезија оваа година ќе има економски раст од шест отсто, Филипини 5,5, Чиле пет отсто, додека Бразил – 1,5 отсто бидејќи економијата на таа латиноамериканска држава во голема мерка зависи од извозот.

Економијата на Индонезија е помалку ранлива на економски надворешни потреси бидејќи 50 отсто од домашната потрошувачка се подмирува со домашно производство.

Оваа година Индонезија вложи милијарди долари во поправка на патишта, аеродроми, што во голема мерка досега ги кочеше странските вложувања во државата.

Во 2020 година Индонезија ќе биде десеттата најмоќна економија во светот, а шеста во 2030 година според анализи на британски економисти.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори