Домот за деца „11 Октомври“ од Скопје денеска од компанијата „Макпетрол“ доби доби донација во финансии, персонални компјутери и комоди за дневниот престој.
Донацијата е по повод 65 годишниот јубилеј на „Макпетрол“.
Во изминатите денови компанијата донираше и болнички постелнини и телевизори за болничките соби во Детското одделение за церебрална парализа во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, лап-топ и персонални компјутери, како и ВЕРНА картички за набавка на гориво на Здружението за слепи и лица со оштетен вид и на Сојузот на инвалидизирани лица на Македонија.