Општина Центар: Наскоро ќе биде поставен монтажен паркинг простор со место за 270 до 290 возила

Од:

Општина Центар го поздравува конструктивниот протест кој вчера го одржаа граѓаните и каде побараа ослободување на тротоарите од возила во Дебар Маало.

„Општина Центар смета дека барањата се целосно оправдани и уште веднаш ќе се посвети на решавање на овој проблем и подготовка на трајно, системско решение.

Во таа насока веќе се почнати неколку активности. Како прв приоритет е обезбедување на простор за паркинг на повеќе возила во Дебар Маало, за што веќе е најдено решение. Имено, наскоро ќе биде поставен монтажен паркинг помеѓу општината и Министерството за Одбрана, со влез и излез од улицата „Орце Николов“. Паркингот ќе обезбеди место за 270 до 290 возила. Ваквото решение е првиот чекор кон пренасочување на паркирањето и ослободување на тротоарите.

Пред да се постават заштитни столпчиња на сите улици и се поврзат во целосна пешачка мрежа, ќе се изработи студија за мерење на сообраќајот и проекција за потребниот паркинг простор за резидентите. Од оваа студија ќе се подготви решение за целиот кварт. За конечна имплементација на решението ќе биде потребно заедничко делување на повеќе институции со различни надлежности.

Затоа, Општина Центар уште веднаш ќе иницира формирање на кооридинативно тело со претставници од сите надлежни институции. Во ова тело ќе бидат повикани претставници на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ПОЦ и ќе се изработи план за имплементација на решението. Претставници на граѓаните се добредојдени да учествуваат во ова тело, но и да даваат сугестии во фаза на изработка на решението. Општина Центар веќе презема некои мерки за смирување на сообраќајот во Дебар Маало, како што е Зона 30. За жал, заради лоша соработка со претходната власт и недоволна контрола од страна на тогашното МВР, ограничувањето не се почитуваше во целост“ се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски