ВИДЕО: Поповска до вчера не виде тепање, а денеска жали за присилните мерки врз новинарите и прaтeниците

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска прво изјавуваше дека не видела никаква тепачка во Собранието.

За „Фокус“ изјави: Немаше насилство, никој никого не тепаше, јас не видов. И да имало нешто тоа може е ако некој се обидел да нападне некого“.

А од видео снимките се гледа дека токму таа се обидува да и го одземе мобилниот телефон на пратеничката Маринела Тушева.

Ова не го видела, a денеска излезе со лично видување и доживување на она што се случуваше во Собранието. Жали поради немилите настани во Собранието пред седницата на 24 декември.

„Длабоко бев потресена, и поради присилните мерки што беа преземени кон новинарите и пратениците, и поради нападот врз Претседателот на Собранието и поради задните намери на организаторите на протестите“, вели Поповска.

„Никој нема право да ја урива државата, ни маж, ни жена. Државата беше доведена во состојба да се брани од неодговорни луѓе на кои власта им е поважна од државата. Жалам и за тоа, што добри луѓе во опозиционите редови беа вовлечени во ова сценарио и злоупотребени“, вели Поповска.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба