ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Заев во управувањето со државните пари ќе предизвика економска катастрофа

Од:

Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во изјава за медиумите рече дека неспособсобноста на СДСМ за управување на државата не можеле да ја покријат ниту 13 советници кои ги најмил Зоран Заев, особено не кога ни тие не поседувале квалитети кои би биле од корист за граѓаните.

– Зоран Заев е човек кој го исплаќа долгот кон своите партиски пајташи на грбот на државата односно на сметка на граѓаните. Башановиќ, Цветанка Ласкова, Исмет Рамадани и ред други единствено нешто кое ги поврзува не се личните квалитети туку долгот кој Зоран Заев го има кон нив. Матни ликови, подпросечни уметници и претставници од квази невладини организации станаа дел од владата и се платени директно од џебот на граѓаните. 9 милиони денари годишно, потенцирам да добро слушнавте 9 милиони денари годишно, вкупно ќе земаат оваа дузина на луѓе кои наводно ќе го советуваат Зоран Заев за доброто на граѓаните, рече Арсовски.

Тој праша каде биле овие луѓе да го посоветуваат Зоран Заев за пожарите на депониите во неколку града кои ја труеле целата Македонија и ка де биле овие луѓе досега да го посоветуваат Заев како да ја спречи еколошката катастрофа со шумските пожари кои уништиле непроценливо богатство во целата држава.

– Дали овие луѓе излегле на терен и ги запрашале граѓаните за реалните проблеми кои ги имаат и со кои секојдневно се соочуваат или можеби уживаат на плажите во соседството со парите кои ги добиваат од џебот на граѓаните? Плата од 2.000 евра земаат клептомани како Башановиќ кој доби македонско државјанство само за да може да цица пари од државната каса. Неодговорноста на Заев во управувањето со државните пари несомнено ќе предизвика економска катастрофа, а пак неспособноста на овие луѓе се покажа во изминатиот период во катастрофалното справување на владата со проблемите со кои се соочува нашата држава, рече Арсовски.

Според него, единствена надеж за спречување на тотален крах на државата лежел во шансата на 15. октомври граѓаните да ја делегитимирале оваа власт.

– Пат и мат влада која и се потребни месец дена да го угаси пожарот во струшката депонијa. Пат и мат влада која учи да плива додека гори целата држава. Влада која сите позитивни проекти кои ги отпочна или планираше да ги започне ВМРО-ДПМНЕ ги запре на штета на граѓаните на нашата држава, заврши Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски