А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Со лажните вести ВМРО-ДПМНЕ работи спротивно на граѓанскиот интерес, реформите го подобруваат животниот стандард

by А1он21/08/2017 - 12:04160
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Хистеричното и неосновано ширење на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ го потврдува нивниот страв од одговорноста што им следува за децениското нетранспарентно трошење на граѓанските пари, за милионските провизии и криминалните тендери направени на штета на граѓаните и буџетот на Р.Македонија како и за најгломазното и неконтролирано задолжување на граѓаните направено изминативе 11 години.

Неиздржани и лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно трошење на девизните резерви. Станува збор за редовна пракса на плаќање на доспеаните рати од кредити и стари долгови направени од претходната власт преку единствената државна сметка.

Вистината е дека со домаќинско и одговорно работење во интерес на граѓаните Владата на Р.Македонија успеа да го намали јавниот долг за прв пат после 2008 година, да врати 3.9 милијарди денари за ДДВ кон фирмите и стопанството, да осигура ликвидност на буџетот, да обезбеди услови и средства за раст на минималната плата на 12.000 денари, да обезбеди средства за усогласување на пензиите со трошоците за живот, односно 2.160 денари повеќе годинава во џебот на секој пензионер,

Следете a1on на Youtube YouTube

Додека ВМРО-ДПМНЕ работи спротивно на потребите и интересот на граѓаните со ширење на лажни вести и хистерија, Владата на Р.Македонија ги реализира зацртаните реформи и дадените ветувања со што граѓаните директно чувствуваат ефекти на подобрување квалитетот на живот“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео