Општина Центар: Град Скопје е надлежен за сообраќајниот режим и дотур на стока

Од:

Општина Центар со писмено соопштение реагира на изјавата на Горан Богдановски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во недостиг на конструктивни идеи и поради стравот од катастрофалниот пораз кој ќе го доживеат во општина Центар на 15-ти октомври, ВМРО-ДПМНЕ се дрзна да спечали политички поени преку злоупотреба на вчерашната сообраќајна несреќа во Дебар Маало.

Во очигледна паника, ВМРО-ДПМНЕ ја има згрешено локацијата на одржување на прес конференцијата. Тие требаше да отидат пред просториите на Град Скопје, токму поради прописите и одлуките кои што Град Скопје ги има донесено.

Во член 69 од Одлуката за комунален ред во градот, донесена на 7.8.2014-та година, прецизно е наведено дека “надлежен за утовар и дотур на роба е Град Скопје”. Во одлуката стои дека тоа треба да се врши вон од јавните површини, на претходно добиено одобрение од градоначалникот на Град Скопје. Во член 10 од Законот за Град Скопје, меѓу наброените надлежности на Град Скопје, стои дека градот е тој што ги утврдува условите и режимот на сообраќај на подрачјето на градот Скопје. Во истиот закон таква обврска не е пропишана за општините во градот.

Сите прашања кои беа упатени до градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната прес конференција на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, според законските надлежности, треба да ги упатат до градоначалникот на Град Скопје.

И во оваа прилика повторуваме дека Општина Центар стои на располагање за соработка со сите надлежни институции, во интерес на поголема безбедност и поквалитетен живот на граѓаните, со цел да се избегне повторување на немилите сообраќајни несреќи“ се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории