ВМРО-ДПМНЕ ги критикува кадровските решенија на новата влада

Од:

Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите праша што му згрешиле Македонија и народот на Заев за вака да се одмаздувал.

– Прашањето не е само реторичко. Прашањето е суштинско бидејќи хаосот што го креира Заев и неспособните и некомпетентни кадри што ги поставува ги плаќаат граѓаните. Почна со делењето функции на скапо платените лажни револуционери и самопрогласените независни новинари, па се префрли на вдомување на мешетари и естрадни менаџери од Србија. Од Зоран Башановиќ, пејач и менаџер на Драгана Мирковиќ, до Цветанка Ласкова. Последен изблик во кадровската е Филип Андов познат како Сокол. Тоа познат важи повеќе за скопските улици и подземје отколку за некаков успех во академска или бизнис заедница. Сега тој Сокол ќе го плаќаат граѓаните за да го советувал Заев за Скопје, изјави Павлоски.

Тој побара одговор какви квалификации имал Сокол, каде одбранил магистратура и докторат и на која тема.

– Медиумите пишуваат дека Сокол е главно познат на полицијата. Дали Владата го провери неговото досие? Дали е точно дека против советникот на Заев се поднесувани кривични пријави за сторени разни кривични дела? Филип Андов викан Сокол е назначен за специјален советник на Зоран Заев задолжен за градот Скопје, а го нема ниту Заев ниту неговиот огромен ПР тим да се пофали со дополнителната вредност што Сокол и ја носи на Владата. Филип Андов – Сокол јавноста го памети и како човек кој со џип влета во толпа граѓани што мирно протестираа, но и по неговото учество во насилни протести во кои беше вандализиран главниот град, рече Павлоски.

Тој праша дали е точно дека Сокол на почетокот на неделава удрил пешак со мотор и запраша зошто МВР ја криело оваа информација.

– Надлежните молчат за случајот. Молк од МВР на Спасовски од каде се уште нема одговор за сообраќајната несреќа, а молк и од владата која си го ангажираше Сокол со народни пари. СДС и Заев аздисаа. Креираат хаос и несигурност. За ваквото безобразно и непрофесионално однесување Зоран Заев и СДС ќе сносат политичка одговорност и на следните локални избори ќе ги стигне казната од граѓаните на Република Македонија, рече Павлоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални