Концерт на дуото „Алиада“ и изложба за Роберт Музил на „Охридско лето“

Од:

Фестивалската програма на „Охридско лето“ за денеска предвидува концерт за саксофон и хармоника на дуото „Алиада“, како и изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“.

Концертот што ќе се одржи во „Света Софија“ од 20:30 часот носи наслов „Нови бои на минатото“, а во исполнение на двајцата талентирани музичари – саксофонистот Михал Кнот и хармоникашот Богдан Лакетиќ.

Насловот на концертот е идентичен на нивниот прв албум, на кој се поместени дела на Хендл, Григ, Пендерецки, Де Фала, Барток и Пиацола, сите аранжирани за саксофон и хармоника од дуото.

Од нивното формирање во 2013 година, дуото веднаш станува впечатливо во светот на класичната музика што резултира со бројни концерти насекаде низ светот. Во минатата сезона остваруваат повеќе од 80 настапи на пет различни континенти во престижни концертни сали како „Карнеги хол“, „Музикферајн“ во Виена, „Тонхале“ во Цирих, театарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, Театарот дел Лаго во Чиле и многу други. Нивната кариера започнува со победата на натпреварот „Фиделио“ каде едногласно им е доделена наградата „Гран при“. Нивниот прв албум насловен „Нови бои на минатото“ се здобива со одлични критики, а Дуото Алиада е вклучено во програмата „Новиот австриски звук на музиката 2016-17“ финансирана од австриската влада. Настапите на дуото редовно се емитуваат на австриските радио и телевизиски станици.

Во изложбениот хол на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 11 часот пред охридската јавност ќе биде отворена изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“, проект што се реализира во соработка со Дирекцијата за култура на Владата на Горна Австрија и Австриската амбасада во Скопје.

Изложбата се состои од аудио и видео-станици за слушање, како и голем број дела изложени на панели, посветени на австриецот Роберт Музил, своевремено опишан како најзначаен, а воедно и најмалку познат писател на 20 век од германското говорно подрачје.

Изложбата преку уметнички приказ говори за катастрофата што Првата светска војна и ја донесе на Европа, како и за влијанието на радикалните воени искуства врз делото на Музил.

Изложбата првично е дело продуцирана од литературната куќа „Минхен“ со Рајнхард Витман и Каролина Кин како кустоси на поставката. Потоа таа е адаптирана од Адалберт Штифтер Хаус и Александер Веран како кустос, и таа форма на изложбата е презентирана во Линц 2015/2016 година.
Изложбата ќе биде преведена на македонски јазик и проширена со општ портрет на Роберт Музил.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма