Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека неговата земја е солидарна со тагата во Барселона и во други градови на Европа, кои биле цели на терористички напади.
По вчерашниот напад, Рахој ја посети Барселона. Тој изјави дека во моментот жртвите и нивните роднини и пријатели се главниот приоритет на властите.
Тој изјави дека Каталонија била цел на напад на џихадистичкиот тероризам, како и други градови во светот.
Според него, жителите на Париз, Ница, Брисел, Берлин и Лондон ја почувствувале истата болка и несигурност, како жителите на Барселона вчера.
За Шпанија овој напад е најкрвавиот од 2004 година, кога напаѓачи инспирирани од Ал Каеда извршија координирани напади врз патнички возови во Мадрид, во кои загинаа 192 лица.
Рахој прогласи тридневна жалост во Шпанија.