А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Богојески: Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е само во интерес на СДСМ

by А1он17/08/2017 - 17:09483
Share0

Иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески побара заминување на Никола Груевски од лидерската позиција зошто неговото останување ќе значи само корист за СДСМ. Тој најави жестоко темпо за реформите во ВМРО-ДПМНЕ се до постигнување на целта.

Добивај вести на вибер

Продолжувањето на функционирање на Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е само во интерес на СДСМ, зошто со неговиот негативен имиџ кој се создаде во минатото остава простор да мобилизира отприлка 150.000 граѓани да гласаат за СДСМ. Тие не се за СДСМ, но поради Никола Груевски тие гласаат за СДСМ, рече Богојески.

Никола Груевски за нас е нелигитимен претседател избран на приватен конгрес во Куманово, пред две години, Конгрес на кој за делегати беа поставени негови лични пријатели, другари кои ги назначи. Тие го избраа него за лидер. Апелираме да престане политиката на делигитимирање на ИК како неодамна и сега политика која продолжува да го делигитимира ЦК. Груевски својот легитимитет го губи и со самото негово оптеретување на целата партија, напуштајќи ги националните интереси на македонскииот народ, а криејќи се зад ВМРО-ДПМНЕ, рече Богојески.

Нашиот став е Никола Груевски да престане со праксата сам да поставува кандидати за градоначалници, оставаме простор Никола Груевски неговите лични кандидати да ги предложи на општинските комитети и доколку добијат широка поддршка, може да бидат кандидати на партијата, рече Богојески според кого ставот на реформистите за локалните изборите, ќе биде истакнат како што рече “ден пред отпочнувањето на нашата кампања“.

Реформите продолжуваат со жестоко темпо се до суштинско реформирање на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот за обединување е до сите граѓани кои се припадници на конзервативната или демохристијанската иделологија, да се обединат зад процесот за целосни реформи во ВМРО-ДПМНЕ, а не зад актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, рече Богојески.

bogojeskireformivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 09:54

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 12:37

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто