Четириесет единици крв собрани во крводарителска акција во Неготино

Од:

Четириесет единици крв беа собрани во крводарителската акција која беше реализирана денеска во Музеј на град Неготино, во организација на неготинскиот Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

– Вообичаено е лете да има крводарителски акции, поради поголемите потреби од крв, рече доктор Ефтим Димитровски од Институтот.

Тој ја оцени акцијата како солидна и информираше дека во тек е реализацијата на годишниот план за крводарувања, кој го спроведуваат заедно со Црвениот крст на Македонија.

– Секојдневно има акции насекаде во Македонија. Дарителите можат да дојдат и да ја даруваат својата скапоцена течност, нагласи Димитровски.

Би можело да ве интересира

Миле Тодоров од Неготино е исчезнат во јануари, виден e кај планината Серта

А1он

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма