ВМРО-ДПМНЕ: МВР наместо институција која ја гарантира безбедноста, стана институција во која владее безредие

Од:

Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите праша колку деца треба да бидат повредени од полицијата под раководство на Оливер Спасовски за тој да сфател дека не е дораснат на одговорноста и позицијата која што му била доверена и во колку момчиња полицијата требало да пука за Спасовски да се свестел дека треба да даде оставка.

-ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоталната партизација која Оливер Спасовски и СДС ја спроведуваа во изминатите 3 месеци со поставување на некомпетентни кадри во МВР ќе створи хаос. Оливер Спасовски го парализираше МВР и придонесе граѓаните секојдневно да се вознемируваат од брутални, крвави убиства и безредие. Поместувањето на полицајци по неколку скалила во хиерархијата, унапредувањето на свои луѓе на раководни позиции, само затоа што се со партиска книшка и партиска заслуга, предизвика несигурност кај полициските службеници и тотална нефункционалност на полицијата. Цената ја платија момчиња од 16 и 17 годишна возраст кои се ранети од струмичката полиција, каде што началник е доверлив партиски послушник на Заев и СДС. Малолетните момчиња се уште се на болничко лекување борејќи се за својот живот. Оливер Спасовски го нема да ги погледне во очи и да им се извини на нив и нивните родители. Го нема да им побара да му простат и да им понуди оставка. Ги игнорира, а после Диво Насеље трчаше да се слика со локалното население, исто како што неколку часа уживаше во фотографирање со извалкано возило, рече Павлоски

Според него, јасно им било на неговите сопартијци дека нема бегање и нема оправдување за тоа како Спасовски ја водел полицијата и затоа само, како што рече Павлоски, неискусниот и неискрен Павле Богоевски бил принуден да се срами и да се обиде да го брани тоа што не се бранело.

– Додека јавноста е во шок, а граѓаните се исплашени за својата безбедност, Спасовски ужива по сплавови и се релаксира со скапи пијалоци. Секојдневно по улиците низ државата се случуваат убиства и престрелки, како во озогласените фавели во Бразил, но Спасовски и Заев со прст не мрднуваат. СДС и пред изборите беше во коалиција со криминалот и остана во истата. МВР на чело со Оливер Спасовски наместо институција која треба да им ја гарантира безбедноста и сигурноста на граѓаните, стана институција во која владее тотално безредие, рече Павлоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го повикува Спасовски да си поднесе оставка од морални причини и да ја држел во стеги безбедноста на целата држава.

– Одговорност мора да има и ќе има. Многу бргу ќе се врати правната држава, а сите оние кои се дрзнале да го прекршат законот ќе се соочат со индивидуална политичка и кривична одговорност, заврши Павлоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски