Кривична пријава за двајца охриѓани осомничени за „грабнување“

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против лицата Р.М.(30) и Ф.Р.(20), двајцата од Охрид, осомничени за сторено кривично дело „грабнување“, заради што на двајцата им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

СВР Охрид соопшти дека првопријавениот Р.М. завчера вечерта околу 23:30 часот на улицата „Никола Карев“ во Охрид ја пресретнал поранешната девојка Б.Ч. (25) од Република Србија која имала привремен престој во Охрид и насилно, упатувајќи и закани ја присилил да влезе во неговото патничко возило „БМВ“. Тука настанала жестока вербална расправија поради одбивањето на Б.Ч. за продолжување на љубовната врска поради што првопријавениот Р.М. со пиштол ја удрил во пределот на вратот. По кратко време телефонски го повикал неговиот другар, второпријавениот Ф.Р. за да ги вози низ градот. По едночасовно возење проследено со закани Р.М. побарал од неговиот другар да ги превезе до станот од девојката и да ги чека пред зградата. Во станот продолжила расправијата и заканите кон девојката. Таму по кусо време пристигнале роднини на девојката, кои се обиделе телефонски настанот да го пријават во полиција. Револтиран поради тоа Р.М. го извадил пиштолот обидувајќи се да го спречи пријавувањето. Во моментот пред станот дошол второпријавениот Ф.Р. го истргал Р.М. по што двајцата избегале.

По кратко време, пријавените се пронајдени и приведени во СВР – Охрид а одземено е и патничкото моторно возило за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип