Ги Верхофштад: Идејата за невидлива граница меѓу ЕУ и Британија е чиста фантазија

Од:

Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, кој сега е лидер на блокот либерали во Европскиот Парламент и дел од преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, изјави дека британската идеја за постоење на „невидливи граници“, Велика Британија и Унијата, претставува „чиста фантазија“.

Неговата изјава претставува реакција на објавувањето на британскиот документ за позициите на Лондон во преговорите со ЕУ , во процесот на Брегзит, за идните трговски односи , по британското напуштање на Унијата, во март 2019 гдина.

Во вчера објавениот документ, владата на премиерот Тереза Меј сугерира „невидлива граница“ со земјите на ЕУ, што практично би значело , непостоење на царинска проверка меѓу Британија и Унијата.

Велика Британија претходно соопшти дека земјата ке излезе не само од ЕУ, туку и од заедничкиот пазар и од царинската унија, територија за трговија во која не се плакаат увозни давачки.

Во публикуваниот документ Лондон сега заговара постоење на „привремена царинска унија„ по Брегзит и во периодот на транзицијата, која се смета дека би го спречила ризикот за британската економија, таа да се најде на работ од економската хаварија, додека не профункционира новиот систем.

Во изјава на Твитер, Верхофстад вели дека предлозите за идните тровски односи на Британија со ЕУ, се избрзани и инсистира дека за нив може да се зборува дури откако ке се разрешат и прецизно ке се договорат другите прашања.

Ваквиот став на овој европски политичар не е негова лична позиција, затоа што тоа претхдно го има речено и шефот на преговарачкиот тим на ЕУ, Мишел Барније, а со тоа се согласваат сите зеји членки.

Предлозите на Британија се оценуваат како непроверени во практиката и како нов систем кој ке бара многу поглема админстрација од досега.
Во Лондон се верува дека неговото објавување пред третиот круг преговори во Брисел, повеке е наменет за домашни потреби, поради нервозата во јавноста околу процесот на Брегзит и поделбите во владата и меѓу владеачките ториевци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ