Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд со 800 нови лектири

Од:

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ набави нови лектири за потребите на основците и средношколците во Куманово, информираше денеска директорот на установата, Марјан Петковски.

Библиотеката за оваа набавка одвои 150.000 денари и набавeни се 17 наслови или 260 лектири на македонски јазик и 37 наслови, односно 545 лектири на албански јазик.

– Со оваа набавка го обновуваме лектирниот фонд со кој располагаме, оние книги кои недостигаат, а се предвидени како лектири за учениците, рече Петковски.

Ова е втора набавка на книги што во тековна година ги реализира кумановската библиотека. Претходно, во мај библиотеката набави 846 книги или 281 наслов, за што одвои приближно 300.000 денари. До крајот на годинава останува да се спроведе уште една набавка за која библиотеката ќе одвои 740.000 денари.

– Постојано вршиме набавки со што го збогатуваме книжниот фонд, кој вработените го обработуваат и го ставаат на располагање на корисниците. Апелирам до граѓаните, доколку подолг период не ги вратиле позајмените книги да ги вратат во библиотеката, истакна Петковски.

Тој информираше дека дел од оштетените книги ќе се обноват. И во летниот период, објасни Петковски, позајмувањето на книгите е на задоволително ниво.

– Имаме континуирана фреквенција на студенти, посетители кои се активни членови во библиотека. И во овој период студентите во значително голем број ја користат читалната на библиотеката и задоволни сме и од посетеноста во овој период, посочи Петковски.

На оделот за возрасни има од 120 до 150 посети, а на детскиот оддел, има околу стотина позајмувања дневно.

– Планираме многу активности, чекаме да започне учебната година за да ги активираме и основците, средношколците, така што ќе имаме голем број на активности, како што се промоции на книги, литературни читања, час со писател, а се надеваме дека ќе профункционира и подвижна библиотека за чии потреби, лани набавивме возило, додаде Петковски.

Кумановската библиотека со фонд околу 250.000 книги е една од најдобро снабдените во државата. Минатата година имало 4.000 активни корисници, а годинава бројката значително е зголемена.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски